Солунските трговци одбија да дојдат со Ципрас во Скопје

1043
ФОТО: EPA-EFE / NIKOS ARVANITIVIS

Комората на трговци од Солун негативно одговори на поканата да биде дел од бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговата посета на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Комората, оваа одлука, да не учествува во делегацијата ја донеле на состанокот на извршниот комитет, а претседателот Михалис Зорпидис ја поврзува со прашањето за името.

– Одговарам до „Enterprise Greece“ што ја координира делегацијата, дека Комората на трговци од Солун одлучи да не учествува во никаква активност што се поврзува со соседната земја, се додека користи име што не ѝ припаѓа. Прашањето беше тема на последниот состанок на извршниот комитет, чии членови едногласно одлучија дека Комората го прави ова во знак на протест и реакција кон политиката што не го изразува грчкиот народ – вели претседателот на Комората Михалис Зорпидис и додава дека не ги засегаат активностите бидејќи за нив „името на Македонија, која е само грчка, е свето“ и вели дека и тие ќе го бранат на секој можен начин.

Во исто време со одбиената покана од Комората, грчкиот премиер Алексис Ципрас, денес е во Солун каде што ќе учествува на дебата со бизнисмени од Северна Грција на тема „Развојните перспективи на бизнисите од Северна Грција по Договорот од Преспа“.

ФОТО: EPA-EFE / NIKOS ARVANITIVIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...