Синдикатот на Клинички центар отфрла јавно-приватно партнерство во здравството

Синдикатот го потсетува министерот за здравство дека крајниот рок кој тој го одреди за изградба на 2 до 3 катни гаражи истекува за 2 недели. 

175
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

За Синдикатот на Клинички центар не е прифатлив концептот за јавно-приватно партнерство во јавните здравствени установи кои се во состав на Клинички центар, вклучувајќи ја и стерилизацијата.

„И на Синдикатот на Клинички центар и на јавноста добро им е познато значењето и улогата на јавното-приватно партнерство и правата на вработените во таквите ‘јавно’ приватни партнерства. Истото се однесува и за правата на пациентите во таквите ‘јавно’ приватни болници каде главниот интерес на новите ‘јавно’ приватни газди е исклучиво и единствено профитот“, се наведува во реакцијата на Синдикатот на Клинички центар.

Синдикатот смета дека Клинички центар како установа од посебен интерес за државата треба да се изземе од планирањето при вакви и слични реформи во јавното здравство.

Синдикатот не прифаќа било каков натпревар или споредба на Универзитетска клиника со приватна здравствена установа.

„Несфатлива е и помислата дека Универзитетска клиника може да се затвори на сметка на приватна здравствена установа. Секој кој ќе доведе до затворање на Универзитетска клиника на сметка на приватна здравствена установа треба да е свесен дека неповратно го започнува процесот на уништување на јавното здравство со сите несакани последици по пациентите и граѓаните. Ваквите реформи во јавното здравство се спротивни на претходно ветените заложби на Владата за зајакнување на јавното здравство“, велат од Синдикатот и потсетуваат дека министерот за здравство и премиерот ветија плата за доктор специјалист до 2020 година од 100.000 денари и двојно зголемување на платите на другите здравствени работници, како и бесплатен паркинг за вработените во Клинички центар или да не е повеќе од 200 денари месечно.

Синдикатот го потсетува министерот за здравство дека крајниот рок кој тој го одреди за изградба на 2 до 3 катни гаражи истекува за 2 недели.

„Во меѓувреме, ниту еден столб не е поставен на просторот предвиден за катни гаражи, а вредноста на картичката за паркинг за вработените во Клинички центар е зголемена за 229% и изнесува 800 денари, што за поедини профили вработени е еднакво на процентот на покачување на јануарската плата“, се додава во реакцијата од Синдикатот на Клинички центар.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...