Извиси помпезно најавената Филмска академија во Охрид

Меѓу барањата е и префрлање на институтот под капата на ФДУ Скопје, но како интернационален оддел.

207

Студентите од Филмската академија ИФФА во Охрид со допис до медиумите реагираат на сè уште нерешениот нивен статус. Прашуваат зошто Министерството за образование и наука не ја завршило својата обврска и ги остава и натаму во неизвесност и зошто министерот не ги спровел препораките од комисијата за идното функционирање на оваа високообразовна институција.

– Од она што ние го имаме како информација, комисијата ја заврши својата работа уште пред два месеца. Била утврдена фактичката состојба, сите пропусти во работата на академијата, биле подготвени насоки за трансформација на академијата и префрлање на институтот под капата на ФДУ Скопје, но како интернационален оддел, кој ќе продолжи со успешната програма и начин на работа, со цел да се задржат високите стандарди кои ги воспостави ИФФА во само три години постоење. Но откако извештајот бил испратен до кабинетот на министерот за образование и наука, застанува и целиот процес – наведуваат студентите во дописот.
Тие нагласуваат дека имале надеж откако дел од професорите од ИФФА прифатиле и покрај, како што велат, дотогашната индолентност на Министерството, да учествуваат во соломонските решенија за проектот ИФФА да продолжи да опстојува, првата генерација студенти да ги добијат своите дипломи, а останатите студенти да ги довршат студиите под истите услови.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...