Србин на возраст од 69-години вчера бил каснат од куче скитник во центарот на Скопје.
Тој во полиција пријавил дека кучето го каснало на десната нога, а нападот се случил на улицата „Кеј 13-ти Ноември“. Според неговата пријава, настанот се случил околу 11.10 часот.
Половина час подоцна, на истото место бил каснат и 55-годишен скопјанец. Кучето го каснало на левата нога.