Судијката Светлана Костова од Вишниот управен суд, е една од петмината судиите чиј имот ќе го „чешла“ Антикорупциската комисија.
Таа во својот анкетен лист пријавила само личен имот од кој може да се види дека поседува стан во Скопје од 31 квадратен метар и автомобил „тојота аурис“ вредна речиси 900.000 денари.
Но, Костова, на свое име има и два кредита: едниот од 8.000 евра, а другиот од 600.000 денари.