Заев на средби со Касами и Села за двотретинско мнозинство

358

Денеска во Собранието се закажани пратенички прашања, а премиерот Зоран Заев времето поминато во законодавниот дом ќе го искористи и за средби со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Билал Касами од БЕСА.

Според информациите на Плусинфо, предвидено е средбите да се одржат пред почетокот на собраниската седница за пратенички прашања закажана за 11 часот.

Средбите доаѓаат во период кога власта е во потрага по 80 пратенички гласа за да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО.

Средбите со помалите партии уште од претходно ги најави Заев, додека со најголемата опозиција ВМРО-ДПМНЕ веќе се одржаа две средби.

Трета на работните тимови е закажана за денеска во 18 часот во Министерството за правда. Таа следува откако опозицијата испрати 60 амандмани за Предлог-законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...