Загинаа 32 лица откако камион влетал во толпа луѓе на автопат во Гватемала

352

Најмалку 32 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Гватемала  кога камион влетал во толпа луѓе на автопат, соопштија локалните власти.

Министерот за здравство Карлос Сото изјави дека уште девет лица, кои се префрлени во болница, се наоѓаат во критична состојба.

До несреќата дошло кога камион удрил во група луѓе кои излегле на пат да проверат во каква состојба е едно лице кое претходно било удрено од автомобил.

Несреќата се случила во местото Нахуала, западно од Гватемала Сити.

– Во овој момент ги координираме акциите за да им дадеме целосна поддршка на семејствата на жртвите. Најискрено сочувство – напиша претседателот на Гватемала, Џими Моралес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...