Комисијата за спречување на корупција утврдила неправилност при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ, пренесеТВ24.
Според извори на телевизијата, синот на Стојчевска не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.
Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.