Милошоски: Ќе гласам за професорката Гордана Силјановска Давкова

577
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во емисија на МРТ вечерва рече дека она што ја прави разликата помеѓу конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е тоа што кај ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 кандидати, во кој има различни табори и различни лобирања кој треба да биде кандидат за претседател на државата, а додека кај СДСМ се гледаше дека само еден кандидат.

Антонио Милошоски во вечерашното гостување заедно со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, изрази сомневање во демократскиот капацитет на СДСМ, со оглед на начинот на кој што СДСМ го одбра својот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Тој изјави дека граѓаните во Република Македонија се поумни од политичарите и изрази отворена поддршка за кандидатурата за претседател на професорката Гордана Силјановска Давкова.

Тој истакна дека кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова носи додадена вредност со оглед на нејзиниот кpитички став кон која и да е власт која сака да доминиpa на секоја позиција.

„Она што јас го согледувам кај нејзе како додадена вредност е што таа важела и важи за кpитичар на властите кои и да се власти кои што во моментот сакаат да доминиpaaт на секоја позиција. И во тој поглед бидејќи ценам дека на Република Македонија токму заради еден баланс и рамнотежа во општеството и европеизација на сите овие односи и на силите внатре во држвата како кpитичар на власт, јас тука го гледам нашиот заеднички именител и ќе и ја дадам мојата поддршка и ќе гласам за професорката Силјановска Давкова. И таму каде што имам можност ќе се обидам да го промовирам и тој став“, вели Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...