ГДУ: Новото министерство е уште една алатка во рацете на „партиократските врхушки”

206

ГДУ оценува дека новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците е „уште една алатка во рацете на „партиократските врхушки” во насока на понатамошна приватизација и на политичкиот систем и на државните институции“.

Ви ја пренесуваме интегрално реакцијата од ГДУ.

„Во денот кога Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство  изјави „Оценувањето на работата на актуелната влада, значи ниедна компанија не рекла добро. 49 проценти рекле задоволително, 46 проценти рекле лошо, а 5 проценти немаат мислење во врска со ова” во Собранието на Северна Република Македонија беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. За усвојување на овој закон, беше потребно двотретинско мнозинство и гласаа 80 пратеници.

Ние од Граѓанско Демократската Унија ова го разбираме како уште една алатка во рацете на „партиократските врхушки” во насока на понатамошна приватизација и на политичкиот систем и на државните институции. Граѓанинот разбирливо е непотребен во таквите процеси, законските права и привилегии кои би требало да произлегуваат од државата а Уставот треба да го штити од нејзината моќ, во случајов се во рацете на неколкумина кои се и држава и Устав и судии. Постојаното повикување на „позитивна дискриминација”, „општество за сите” и слични флоскули, не значи и дека тие се реалност во земјава. Напротив. Разликите во општеството (социјални, политички, етнички…) и понатаму се продлабочуваат.

Бидејќи горе наведениот закон ќе отпочне да се применува од 1 јуни 2019 година, Граѓанско Демократската Унија ќе ги искористи своите капацитети за подготовка и сериозен предизвик на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Со нетрпение“, порачува ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...