На најновото рангирање на пасоши според „Henley and partners“, македонскиот пасош е рангиран на 42 позиција во оваа 2019 година.
Патната исправа на Северна Македонија е пред пасошот на Русија, потоа на некои земји како Албанија, Грузија, Турција, БИХ, Катар, Бахраин… На последното место се пасошите на Авганистан и на Ирак.
На делба на првото место се пасошите на Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја, а потоа следуваат Германија, Данска, Финска, Франција, Италија, Шведска, Луксембург и Шпанија.
Пасошот на Косово е на делба на 95-тото место заедно со Шри Ланка и Конго.
Ова рангирање се прави според визната класификација, односно за колку земји е потребна виза.