Претседтаелот на ДУИ, Али Ахмети и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба разоварале за последните случувања во земјата, реформите во судството, владеењето на правото, претседателските избори, но и европските парламентарни избори како и состојбата во регионот, информира ДУИ.
Ахмети, како што соопшти ДУИ, ја истакнал важноста од спроведувањето на реформите во насока на владеење на правото и исполнување на европските стандарди, додавајќи дека очекува постигнување консензус со опозицијата околу реформските процеси.
„ДУИ е целосно посветена во поддршката и спроведувањето на реформите со надеж дека во јуни овие наши напори ќе се земат предвид од Брисел”, изјавил Ахмети.
Тимоние, пак, говорел за француските согледувања околу случувањата во земјата, регионот и ЕУ и ја истакнал поддршката на Париз за нашата земја.
Ахмети и Тимоние, како што се додава во партиското соопштение, дискутирале и за дијалогот меѓу Приштина и Белград.