Османи нема да попие казна оти одбил да одговори на македонски

1100

Владата не работи врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање. Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме, порача денеска на прес-конференција владиниот портпаролот Миле Бошњаковски.

Тој ова го кажа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува казна за вицепремиерот задолжен за европски прашања  Бујар Османи, бидејќи неодамна не сакал на новинарите да им одговори на македонски јазик кога ја промовирал Агенцијата за спроведување на Законот.

Османи во понеделникот имаше состанок во Владата со претставници на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на Законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...