Недела на НАТО во Македонија од 3 до 9 април

103

На 4 април оваа година навршуваат 70 години од постоењето на Северноатлантската алијанса во нашата земја. Од 3 до 9 април Министерството за одбрана ќе организира недела на НАТО. Ќе има повеќе активности со кои ќе се одбележи 70-годишнината од основањето на НАТО, како и нашиот напредок кон полноправно членство кон алијансата како 30. земја членка, посочи портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција.

Бошњаковски информира дека во рамки на неделата на НАТО ќе бидат организирани дипломатска дискусија на која премиерот, министерката за одбрана и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјава ќе дискутираат за процесот за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

– Ќе бидат организирани и изложба во воениот музеј, панел и промоција на поштенска марка, а ќе има и заеднички концерт на воените оркестри на нашатата земја, на САД, Велика Британија, Словенија и Грција на кои уште еднаш ќе се демонстрира заедништвото на Алијансата. Исто така, ќе има и отворени настани за граѓаните во повеќе градови низ земјата на кои ќе бидат демонстрирани капацитетите на армијата – посочи Бошњаковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...