Колона од камиони во должина од 2 км кај Прешево поради расипани телефони

457

На српскиот граничен премин Прешево со Македонија, по нестанок на електричната енергија, дојде до дефект на комуникациската опрема, што предизвика застој во сообраќајот, објави денеска Царинската управа на Србија.

Околу 4.45 часот, имаше прекин на струја и прекин на сите комуникации, по што се формира колона од камиони во должина од два километри и на излезот и на влезот на Србија со Северна Македонија.

Во патничкиот сообраќај немаше проблем или задржување.

– Со брза интервенција отстранет е дефектот и воспоставени се комуникациските системи, со што сообраќајот полека почнува да се нормализира – соопштија од Царинската управа.

Сега се во функција сите комуникациски системи, а царинските службеници се обидуваат што е можно поскоро да ја расчистат колоната на камиони која, поради оваа вонредна околност, се формира на влезот и на излезот на Србија.

Се очекува за неколку часа ситуацијата на преминот Прешево да биде целосно нормализирана за камионски сообраќај. Патничкиот сообраќај се одвива без никакви проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...