Дупла среќа: По грешка уплатил две лото ливчиња и освои 46,6 милиони долари

Австралиецот уплатил еден тикет во Сент Албанс, а потоа случајно уште еден со истите броеви на друго продажно место.

200

Еден работник во Мелбурн, Австралија освоил 46,6 милиони американски долари на лотарија откако по грешка уплатил два тикети со исти броеви, пишува „Дејли мејл“.

Мажот уплатил еден тикет во Сент Албанс, а потоа случајно уште еден со истите броеви на друго продажно место. Секој тикет поединечно му донел добивка од 23,3 милиони долари, а џекпотот бил толку голем, бидејќи никој не ги добил последните седум седумки.

Уште еден добитник освоил 23,3 милиони долари во Хобарт и треба да ја подигне добивката. Во случај мажот да уплател еден тикет наместо два, наградата би била поделена помеѓу двата играчи и секој би добил по 35 милиони долари.

Меѓутоа, бидејќи едниот играч уплатил два тикети, наградата е поделена на три дела и со тоа среќниот двоен купувач добил две третини од џекпотот односно 46,6 милиони долари.

Добитната комбинација била 12, 28, 24, 29, 9, 18 и 25, а дополнителните броеви се 13 и 31.

Мажот кој уплатил два тикети изјавил дека ги игра истите броеви веќе 30 години и дека е можно сега да размисли за пензионирање, да купи нова куќа и да замине на одмор со семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...