Летното сметање на времето во 2019 година почнува на 31 март во 2 часот по полноќ така што со поместување за еден час нанапред времето се смета како 3 часот. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3часот, така што со поместување за еден час наназад времето ќе се смета како 2 часот, соопшти Владата.
Одлуката е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.1.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.
– Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, стои во соопштението.