Демократски сојуз: Бојкотот на изборите е антидржавен чин

588

Демократски сојуз повикува на политички консензус за одржување фер, демократски и чисти претседателски услови, како гаранција за успешност на изборите.

– Партиите и коалициите кои стојат зад претседателските кандидати да преземат одговорност дека ќе опстојат во изборниот процес, во спротивно, треба да понесат политичка и друг вид на одговорност. Бојкот на изборите во вториот изборен круг ќе значи антидржавен чин со катастрофални последици за иднината на државата – соопшти партијата.

ДС бара консензус и за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое според нив, треба да продолжи со целосен капацитет, а прислушуваните разговори и натаму треба да бидат доказ во постапките, во спротивно, Врховниот суд, со право ќе ги изземе од доказите и во предметите во кои досега се користени.

– Концептот за реформи во тајните служби  треба да се заокружи со коренити организациски и кадровски промени во разузнавачките и контраразузнавачките служби. Мора да се изгради систем за целосна департизација на државните институции, почнувајќи од приемот на работа во администрацијата. Партизацијата разорно делува врз ефикасноста на државните институции и владеењето на правото – велат од ДС.

Партијата повикува  да престанат партиските договарања преку селективна правда, амнестии и други лукративни цели, а наводно во интерес на  повисоки цели.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...