Две линии сува земја е истурена утрово на булеварот Св. Кирил и Методиј, во близина на седиштето на компанијата „Макпетрол“. Во утринскиот метеж од автомобили, претпладнево сета земја се креваше нагоре и го загадуваше воздухот.
Прашуваме, кој повторно не ги мие трклата од камионите што пренесуваат ископ, и зошто тој на кого му се истурила земјата не ја исчистил самиот?
Деновиве повторно е актуелен и излезот од градилиштето на Лимак холдинг, кој гледа кон Кисела Вода, од каде секојдневно излегуваат камиони кои зад себе оставаат магла од прашина и купчиња земја.
Очигледно, инспекцијата треба повторно да излезе на терен.