Мицкоски: Заев се препелкаше и не изусти на кој јазик зборуваат Македонците од Северна Грција

1543

На Заев му беше срам, се плашеше и препелкаше не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција зборуваат македонски, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски на Фејсбук по ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

– На Заев му беше срам, се плашеше и препелкаше не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше, напиша Мицкоски.

И партијата соопшти дека Заев се срами од Република Македонија.

– Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните. Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...