Папата Франциск стана хит на интернет откако се појави видео од Италија на кое тој ја трга раката кога верници се обидуваат да му го бакнат прстенот.
Медиумите во Ватикан пренеле дека папата тој ден ги одбил сите верници кои сакале да му го бакнат прстенот. Официјалните снимки на ватиканската телевизија покажале дека папата ги поздравува верниците околу 13 минути, за време на првите десетина минути, 41 лице се поклониле пред папата и го бакнале неговиот прстен, или само гестикулирале.
Папата не се противел на тоа, а деветмина дури и го прегрнале.
По десет минути, неговото однесување се променило.
– Понекогаш тоа му одговара, понекогаш не – изјавил близок извор до папата.
Еден човек по грешка си ја бакнал својата рака.