Повторно високи разлики во температурата

472

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 14 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...