Премиерот, Зоран Заев, го одби беџот што му го подари лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на крајот од вечерашниот дуел на Канал 5.
– Се надевам со мирна совест ќе го носите на реверот – рече Мицкоски подавајќи го подарокот со државното знаме, кој Заев го врати.
– Нема да го носам бидејќи по Устав државата е Република Северна Македонија – рече Заев по што Мицкоски го закачи беџот на кој пишуваше Република Македонија на своето одело и додаде:
– А после емисија може и да ме казните.