Таткото на Мојс Кин раскажа една прилично интересна приказна за преговорите меѓу него и Јувентус, пред младиот да потпише со „Старата дама“. Иако неговиот син бил фан на Интер како мал, Биору Жан Кин го праќа малиот Мојс во Јувентус, а во замена од клубот му ветиле два трактори. Но, за жал, таткото на Мојс сѐ уште не ги добил своите машини.
– Му благодарам на Бога дека Мојс го постигна својот прв гол за Италија. Тоа беше радост за целото семејство. Денес ќе го гледам натпреварот на тимот (со Лихтенштајн) во бар со моите пријатели. Беше фан на Интер поради Обафеми Мартинс. Мојс ме молеше да му купам дрес од него, вели Биору Жан Кин.
Тој вели дека го испратил Мојс во Јувентус затоа што е фан на тимот, но сега има проблем со раководството.
– Тие не ми даваат билети за да го гледам на стадион. Со мојата сопруга сме разделени. Таа сакаше да го земе Мојс со неа во Англија. Им реков на Јувентус дека ќе го натерам моето момче да остане во Италија, но за возврат, морам да ми купат два трактори. Ми рекоа дека нема проблеми, но сѐ уште не ги добив, вели Кин за „Раи Радио 1“