Поради хомофобични реплики, Евра може да заврши во затвор

109

Поранешниот француски репрезентативец, Патрис Евра може да добие сериозна казна поради своите хомофобични реплики кои ги употреби при радоста по победата на Манчестер Јунајтед над ПСЖ на „Парк де Пренс“ минатиот месец.

Легендата на „црвените ѓаволи“ го проследи триумфот со 3:0 во ВИП-ложата и се израдува доста невоздржано по последниот судиски сигнал во осмнафиналниот реванш дуел. Однесувањето на 37-годишниот Евра беше документирано во видео кое брзо стекна популарност во социјалните мрежи. Во него се слуша како тој го користи зборот „pede“, кој има јасна анти-хомосексуална конотација. Сега организацијата „Роуг Дајрект“ иницира тужба за случајот.

– Ние не сакаме навредите на еден поранешен капитен на Франција да се занемарат туку така. Многу луѓе го слушаат тоа, особено тинејџерите. Санкции и вонредни казни треба да им се наметнат на оние кои мислат дека можат да ги навредуваат луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација. Ова е неприфатливо и казниво со закон. Ако г-дин Евра не сфати колку се сериозни неговите зборови, сакаме судијата да го потсети, изјави Жулиен Понтес, портпарол на „Роуг Дајрект“

Ако Патрис Евра е прогласен за виновен, тој може да заврши во затвор како и да биде глобен со парична казна до 40.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...