Жестоки обвинувања на крајот на дуелот меѓу Заев и Мицкоски

2615

Премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ си подадоа рака на крајот од дуелот вечерва на Канал 5, кој заврши со жестоки обвинувања за  матни бизнис зделки од обете страни.

Мицкоски го обвини Заев за бизнисите на неговата фамилија во Бугарија, а Заев пак, го потсети лидерот на опозицијата на аферата со хидроцентралите.

Мицкоски објави три фирми кои Заеви ги отвориле во Бугарија -„Гомасиндра“ во сопственост на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, „Радиша трејд“ во сопственост на Радиша Бојовиќ, зет на Заев и фирмата „Ориент груп“ исто така во сопственост на Трајче Заев. Сите овие фирми, како што тврди Мицкоски, биле отворени во соседна Бугарија, наместо во Македонија.

– Тие се во соседна Бугарија, тие не веруваат господине Заев во  вашите економски политики, а вие очекувате да верува македонската јавност? Вашите најблиски не веруваат – рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата рече дека Заев кога зборува за домашната економија кажува бајки, а доби критики од премиерот дека поранешната власт направила цунами во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...