Ни Заев ни Мицкоски не ветуваат оставки ако изгубат нивните кандидати, но ќе се оди на предвремени избори

314

Вечерва ни Заев ни Мицкоски не ветуваат оставки ако изгубат нивните кандидати на  претседателски избори, но премиерот рече дека ќе се оди на предвремени избори.

Критално чисти избори на кои победа ќе однесе кандидатот Стево Пендаровски и на кои граѓаните ќе излезат слободно да гласаат, очекува премиерот Зоран Заев кој на вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски изрази сомневање од можен бојкот на изборите по што го предизвика лидерот на опозицијата да се изјасни дали ќе ги повика гласачите да излезат на гласање.

Мицкоски рече дека во неколку наврати веќе повикал граѓаните да гласаат за професорката Гордана Силјановска, која како што рече, ќе победи на изборите за шеф на државата. Заев го обвини Мицкоски дека му е важна само фотелјата, а Мицкоски пак, му врати дека бега од предвремени парламентарни избори.

– Jас верувам дека ќе победи Пендаровски, зад него се сите етнички заедници, здружени, а ако не победиме подготвен сум со опозцијата да разговарам за предвремени парламентарни избори, но при тоа овозможувајќи да се донесе одлуката во ЕУ, да се отворат поглавјата, да се донесе позитивна одлука за Република Северна Македонија. Ако Пендаровски не победи на изборите тоа и дава кредибилитет на опозицијата да повика на предвремени избори – рече Заев.

Тој го праша Мицкоски дали тој ќе си поднесе оставка од лидерската функција во партијата, доколку загуби нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде конкретен одговор, а Заев напомена дека ќе си остане на зборот, но можеби партијата на Мицкоски нема да побара предвремени избори, бидејќи всушност, како што рече, и не сака тоа да се случи.

Заев го праша Мицкоски дали ќе поттикнат бојкот, на што тој со увереност во победата на Силјановска, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не размислува за бојкот ако има чисти, јасни претседателски избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...