Преговорите за СЈО не се пропаднати, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
ВМРО-ДПМЕ денеска доставила 65 амандмани на предложенот закон, до Министерството за правда и до меѓународните институции, откако Министерството се согласило со принципите што ги побарала партијата.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за инкоропорирање на СЈО во Јавното обвинителство како посебен орган, што е и интенција на законот.
– Но, ако имаме обвинителство само со права, а не и со обврски, не сме постигнале ништо. Предлагаме да го споиме СЈО заедно со обвинителството за гонење на криминал и корупција – рече Мицкоски.
Според Заев, прашањето не е дали е потребен компромис, туку дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокираат Македонија и ќе го штитат криминалот. Мицкоски го негираше ова тврдење и најави дека партијата наскоро ќе презентира индиции за злоупотреба на 15 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да постои разлика меѓу специјалните обвинители и „обичните“, во никој поглед, па ни во поглед на платите.
Заев потврди дека интенцијата на законот е спојување но обвинителсдтвата, но му постави прашање на Мицкоски дали ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе ја блокира европската иднина на земјата. Мицкоски инсистираше на тоа специјалните обвинители да немаат никакви посебни привилегии во однос на другите. Тој го обвини Заев дека на СДСМ специјалните обвинители му се потребни да врши притисок врз опозицијата.
Заев на тоа одговори дека новото обвинителство ќе гони корупција против сите, а најмногу против власта.
– Проблемот е што вие го штитите криминалот и не сакате нашата земја да добие датум за преговори за членство во ЕУ – поентираше Заев.
Поентите околу кои спорат двајцата лидери е тврдењето дека Мицкоски е против ЕУ и НАТО, како и тврдењето на Мицкоски дека Заев сака да ги користи специјалните обвинители за гонење на опозицијата.