Од вечерашниот дуел на Канал 5, во емисијата „Само вистина“, Зоран Заев очекува лидерот Христијан Мицкоски да одовори на сите прашања, по единаесетгодишното бегање на ВМРО-ДПМНЕ од дуели.
– Ова е демократска алатка – нагласи Заев.
Добро е што после една година Зоран Заев прифати дуел, возврати Мицкоски, потсетувајќи на ланскиот дуел.
– Не само што не очекувам тешка дебата со Заев, туку очекувам една витешка дебата, да ги соочиме аргументите – додаде тој.
Дуелот ќе почне во 18 часот и 30 минути. Домаќин на дуелот ќе биде новинарот Гоце Михајловски, а ќе го анализираат експертите Владимир Божиновски и Петар Арсовски.