Некој ми го хакирал Фејсбук профилот или направил паралелен како да е мој и ја напишал недоличната порака „да му даде Нобелова награда за храброст на напаѓачот во Нов Зеланд“, вели професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола, пишува порталот Сакам да кажам.
Лазаревска, како што најави Министерството за одбрана ќе добие отказ поради говорот на омраза на социјаните мрежи.
Лазаровска, која десет години работи во АРМ, вели дека таа не е автор на таквата порака и случајот веќе го пријавила во СВР Битола.
– Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваат личности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде. Како припадник на АРМ ми е непријатна цела ситуација и срамно е. Како православен христијанин сметам дека не е долично, припадниците на православната вера знаат дека ние верниците не се повикуваме на убиство и насилство врз која било вера и нација – вели Лазаровска.