Поддржувачите на американскиот свиркач Челзи Манинг изјавуваaт дека таа наводно е држена во самица откако беше вратена во затвор на 8 март поради одбивање да одговори на прашања пред голема порота, објави порталот „Демокраси Нау“.
Манинг била повикана од федералните обвинители на источниот округ на Вирџинија да биде испрашана за предавањето на Викиликс стотици илјади документи за војните на САД во Ирак и Авганистан во сопственост на Стејт департментот и Пентагон.
Родена како Бредли Едвард Манинг, таа работеше како аналитичар на разузнавачки информации на американската армија во Ирак и поради протекувањето во јавноста на овие документи беше во воен затвор од 2010 до 2017 година. Дел од тоа време Манинг беше во самица. По помилувањето од страна на поранешниот американски претседател Барак Обама, таа повика оваа практика „да биде прекината насекаде“. – Ништо не е оправдание такво нешто да му се прави на некое човечко суштество, рече Манинг.
Судијата од Вирџинија изјави дека Манинг ќе остане во затвор се додека не се согласи да сведочи или големата порота не ја заврши својата работа.