Доктор Предраг Лалевиќ, хирург и анестезиолог кој 16 години со претседателот на СФРЈ Јосип Броз бил на 106 патувања во странство и кој на 4 мај 1980 година го исклучи од апаратите доживотниот претседател на Југославија, почина во Белград на 92-годишна возраст.
Тито умре на 4 мај 1980 година во 15:05, а на респиратор беше последните 68 денови од животот. Храната ја добиваше преку инфузија.
Доктор Предраг Лалевиќ го исклучил од апаратите кои го одржуваа во живот.
ФОТО: Профимедиа/Принтскрин