Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во 18.30 часот ќе се соочат во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.
Телевизијата најави дека ТВ дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во времетраење од 2 минути и дека соговорниците ќе имаат можност за размена на реплики и контра-реплики.
„Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелните теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема. По завршувањето на дуелот најавуваме таканаречена проверка на фактите во која новинарски тим на Канал 5 ќе ги проверува и споредува тврдењата на лидерите со релевантните извештаи од домашните и меѓународните институции со цел да се избегнат манупулации со јавноста“, се вели во најавата на Канал 5 телевизија.