Шахпаска: Иванов ќе го заврши мандатот како дискриминатор

622

Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби, изјави денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

– Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација. Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација. И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата – рече таа.

Шахпаска посочи дека е добро што мандатот на Иванов истекува за кратко и дека на Република Северна Македонија не ѝ се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...