Фејсбук брише лажни профили од Македонија, Косово, Иран и од Русија

345

Компанијата „Фејсбук“ соопшти денеска дека отстранила повеќе лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија.

Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“.

Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Фејсбук и Инстраграм поради операции поврзани со споменатите земји“.

Тоа се први такви интервенции на Фејсбук во овие држави.

Претходно, Фејсбук во текот на овој месец отстрани стотици лажни профили во Велика Британија и Романија поради промовирање содржини кои поттикнуваат поделби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...