Овој човек е најдобар наставник на светот: 80 отсто од платата им ја дава на сиромашните ученици ВИДЕО

Во селото, кое се соочува со проблеми со суша и глад, речиси една третина од децата се сирачиња или имаат само еден родител.

151

Наставник од Кенија, кој поголем дел од својата заработувачка им го дал на сиромашните ученици, е избран за најдобар наставник на светот. Питер Табичи е наставник по математика и физика.

Наградата вредна милион долари, му беше доделена на церемонија во Дубаи, каде што настапија Рита Ора и Лијам Пејн.

Питер Табичи е наставник по математика и физика, кој 80 отсто од својата заработка ја дал за да им се помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во тоа село, кое се соочува со проблеми со суша и глад, речиси една третина од децата се сирачиња или имаат само еден родител. Повеќето од неговите ученици доаѓаат од сиромашни семејства, некои се сираци или имаат само еден родител.

36-годишниот Табичи е избран меѓу 10.000 кандидати од 179 земји за таа награда, а церемонијата ја водел актерот Хју Џекмен, пренесува АП.

Наградата ја основала фондацијата „Варки“ во Дубаи.

FOTO: Printskrin/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...