Нема да има избори во јуни со Еди Рама како премиер, тие ќе бидат спречени на секаков начин, изјави Алдо Бумчи од опозициската Демократска партија.
– Нема да има избори. Нема избори со една партија. Изборите ќе бидат спречени на сите начини. Нема да има избори со Еди Рама, со Еди Рама и криминалот што ги зафати изборите. Оваа земја повеќе не може да продолжи со Влада која е во заложништво од криминалот – посочи Бумчи за тиранската телевизија „Ора њуз“.
Бумчи е поранешен пратеник, а во периодот од 2005 до 2013 година во демократските влади беше шеф на дипломатијата, министер за правда, како и за млади и спорт.
Во меѓувреме обединетата албанска опозиција најави масовен протест на 13 април пред Владата, а паралелно со тоа протести ќе одржува пред Парламентот секогаш кога ќе има пленарна седница.
Инаку, на 19 овој месец истече предвидениот рок до кој партиите требаше до Централната изборна комисија (ЦИК) да достават кандидати за членови на избирачките одбори, до кога партиите од обединетата опозиција не доставија свои кандидати.
Сепак, според Илирјан Цилибаши, поранешен претседател на ЦИК, доколку се постигне договор меѓу партиите, за тоа се дава уште една можност, а тоа е 22 април, во спротивно ЦИК има прво избирачките одбори да ги пополни со лица од граѓанскиот сектор.
Во меѓувреме обединетата албанска опозиција најави масовен протест на 13 април пред Владата, а паралелно со тоа протести ќе одржува пред Парламентот секогаш кога ќе има пленарна седница.
ФОТО: EPA/Pawel Supernak