Изгаснат е пожарот под Пелистер

105

Пожарот кој попладнево зафати делови од атарот на селото Ротино е локализиран.

„Со масовна интервенција на терен од страна на екипи на територијалната противпожарна единица, потпомогнати со едно противпожарно возило од Општина Ресен и од РЕК Битола, со механизација и возила од јавните претпријатија, со помош на вработените во Националниот парк Пелистер и локалното население, како и со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, не се дозволи негово проширување кон моликовата шума“, информира општината Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска, по одржаниот состанок со Кризниот штаб, повеќе од два часа беше на местото каде што беснееше пожарот заедно со екипите кои учествуваа во неговото гаснење.

 Таа истакна дека со надчовечки напори на сите кои делуваа на терен, пожарот е ставен под контрола, без видливи пламени јазици.

„Сепак, екипи и вечерва ќе останат на локацијата со цел веднаш, превентивно, доколку во раните утрински часови повторно се појави пламен, да делуваат за да не дојде до негово проширување. Во зависност од тоа каква ќе биде состојбата со пожарот во  текот на ноќта и во раните утрински часови, така ќе бидат преземени соодветни мерки од страна на Кризниот штаб, односно изутрина ќе се одлучува дали и понатаму ќе се бара вклучување на воздухоплови за гаснење на огнот“, се вели во информацијата од општинските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...