Раководството на Реал Мадрид преку „Марка“ ги демантираа информациите во француските медиуми дека ќе го купуваат најдобриот играч на ПСЖ – Килијан Мбапе.
Ниту Реал преговарал со Пари Сен Жермен, ниту планира да го донесе малдиот Французин на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, пишува весникот близок до тимот од Мадрид.
Претходно денес, „Франс Фудбал“ дури и наведе сума од 280 милиони евра за која ќе биде купен напаѓачот, но извори од Реал ги негираат информациите.
Слично како и минатата сезона, Реал Мадрид се поврзува со речиси секоја ѕвезда на светскиот фудбал, но клубот сака да разјасни дека не преговарал со светскиот шампион.
Освен тоа, на раководството не му паѓа на памет да плати слична астрономска сума за фудбалерот, посочува мадридското издание.