Премиерот Зоран Заев кој денеска присуствуваше на трибината „Фер општество – шанса за сите“ во Куманово, им порача на граѓаните да не се плашат дека децата ќе им одат во војна, бидејќи НАТО ќе ја заштити нашата држава.
– Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна. Куманово ни е востание. Куманово ни е пркосот, Куманово е паталец низ минатото наше. Куманово давало жртви. Затоа Куманово знае колку е важно да градиме пријателство. Да споделуваме мир и да учествуваме во обезбедувањето на мирот. Куманово останало во меморијата колку е голема болката – рече Заев.