Шумахер ќе тестира со Ферари во Бахреин

220

Синот на легендарниот пилот на Ф1, Михаел Шумахер – Мик ќе одржи прв тест во Формула 1 со тимот на Ферари следната недела, објавија бројни светски медиуми.

Германскиот пилот ќе вози болид на Ферари во Бахреин следниот вторник, а ден подоцна ќе го тестира и автомобилот на Алфа Ромео.

Следниот викенд, 20-годишниот Шумахер ќе запише официјално деби во Формула 2 на патеката „Сахир“ во Бахреин. Од јануари, синот на Михаел Шумахер, кој стана европски шампион во Формула 3 во 2018 година, е дел од Академијата за млади пилоти на Ферари.

Во мај, во Шпанија ќе се одржат дводневни тестови за млади пилоти, а веројатно и Мик Шумахер ќе учествува во нив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...