Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Патот делумно ќе биде затворан од 29 март до 2 априли тоа во периодот од 8 до 11 и од 13 до 15.30 часот.