Во охридската населба Гоце Делчев, мета на вандали беше локација која во рамки на пролетните активности ЈП „Градски пазар“ ја уреди. Во петокот на таа локација беа затекнати остатоци од оган, шишиња и ѓубре.
Општина Охрид апелира до сите граѓани за поодговорно и посовесно користење на урбаната опрема и детско-забавните реквизити.