Авион на германската авиокомпанија „Германија Боинг 737“ при полетувањето се судри со авион на израелскaта „Ел АЛ“ на меѓународниот аеродром Бен Гурион во блзиина на Тел Авив.
– Во инцидентот нема повредени – соопшти израелската управа на аеродромот.
Истрага за случајот веднаш е отворена, а се до нејзиното завршување тие авиони нема да летаат.
„Ел АЛ“ требало да лета за Рим, а германскиот авион за Берлин. Се проценува дека материјалната штета е голема.
– Според првичните информации, виновник за инцидентот е возач на шлепер, кој го водел авионот на германската фирма од терминалот кон пистата – наведуваат израелските медиуми.