Забранети слогани против Скопје на воената парада во Атина

1236

Забранети слогани против Скопје во Атина на воената парада по повод 25 март – „Денот на независноста“, пренесува „Фактор“.

Се преземале мерки за на „охи ден“ да не се случи некаков инцидент, да бидат извикувани погрдни пароли, како во минатото кога такви работи не биле казниви.

Со Преспанскиот договор, најавено било дека вакви инциденти ќе бидат санкционирани.

– Зачувајте го достоинството и единството на оружените сили…ќе има дисциплински или кривични санкции доколку има инциденти – пишувало во наредбата на военото раководство.

Властите преземале и дополнителни мерки на плоштадот Синтагма во Атина, од каде ќе бидат остранети сите што сакаат да протестираат против Преспанскиот договор или извикуваат дека „Македонија е грчка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...