Прв пат ќе се вози Ендуро крос паралелна трка во Скопје

315

Клубот МК Ендуро Тим Водно – Скопје ќе биде организатор на Ендуро/крос паралелна трка која насекаде важи за една од нај атрактивните трки како за возачите така и за публиката.

– Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено а победник е тој што прв ќе стигне на целта.Трката се одвива на кружна патека со препреки(дрва,камења,гуми,базен со вода и кал…..),стартот и целта се на иста точка ,а публиката од секоја позиција има можност во целост да ја следи трката. Трката е замислена на база на елиминации,и од трка во трка станува се поинтересно бидејки само најдобрите возачи одат во финалето – соопштија од Ендуро Тим Водно.

Организаторот очекува да се пријават над 70 натпреварувачи.

Трката ќе се одржи на 30 март со почеток во 11 часот кај хотел Белви на специјален полигон кој ќе е наменет исклучиво за ваков тип на настани. Влезот е бесплатен, а за посетителите е подготвена целодневна забава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...