Дваесет и тригодишниот Исмаил и 26-годишната Нина биле уапсени во Германија поради злоставување на своето шестнеделно бебе.
Како што наведуваат медиумите, парот бебето го однел во болница во тешка состојба и бројни повреди.
Тоа имало повреди на главата, крварење во мозокот, фрактури на ребрата, модринки на градите и крварење од очите. Покрај ова, тоа имало повреди и во пределот на анусот и полниот орган.
Според главниот обвинител, Нина во анусот на детето ставила некаков предмет, кој предизвикал внатрешни повреди.
– Бебето мораше веднаш да биде оперирано. Поради монструозните повреди, вграден му е вештачки анус. Дури и професионалци во Јавното обвинителство беа шокирани – рекол Хуберт Строебер.
Семејството и пријателите изјавиле дека Нина покажувала знаци на насилство и како дете, кога ги мачела до смрт своите две заморчиња.
Судењето за парот е закажано за во мај.
ФОТО: Принтскрин