Ердоган може Света Софија да ја преименува во џамија

224
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31. март.

Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

„Аја Софија“ се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Грција претходно во неколку наврати изрази негодување за најавите за промена на статусот на „Света Софија“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...