Срамно славје на Ахмети

Не се слави никогаш напад врз некого, особено не ако од тој процес си излегол како победник и си профитирал. Победникот би требало да е поголем од тоа.

1616

Да славиш 20 години од НАТО интервенцијата во Косово е немање никаков осет кон невините жртви и сите луѓе кои не биле на страната на режимот на Милошевиќ.

Србија беше агресор во Босна и во Хрватска и на своја територија и тоа е јасно, и плати огромна цена за мнозинството кое го гласаше Слобо, и ден денес плаќа гласајќи за неговите наследници.

Но, сепак, не се слави никогаш напад врз некого, особено не ако од тој процес си излегол како победник и си профитирал. Победникот би требало да е поголем од тоа.

На Али Ахмети не му е доволно да го слави резултатот од претекувањето на косовската криза и Охридскиот кој следуваше, не му е доволно да ја слави независноста на Косово, сака да слави и нешто што не оди во интерес на помирувањето меѓу Албанците и Србите, нешто што мора да се случи ако сакаме иднина на Балканот.

Ахмети и ДУИ не знаат да демонстрираат дух на помирување и разбирање кој цело време го претендираат од другите.

Срамотата е дотолку поголема што ДУИ не го зема во предвид интересот на Македонија, и на автократот Вучиќ, кој редовно ја злоупотребува нашата држава за пропаганда, му дава крајно непотребни агрументи.

Срамно е немањето осет.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...