Трамп: Срамота е што вашиот претседател мораше да поминува низ ова

859
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше како нелегална истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер и изрази надеж дека надлежните ќе истражат и дела на Демократската партија.

Трамп ова го изјави откако беше објавено дека истрагата на Малер покажа оти изборниот штаб на американскиот претседател не соработувал со Русите за време на кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година.

Наодите од истрагата, кои американското Министерство за правда ги претстави пред Конгресот, укажуваат дека ниту Трамп, ниту неговите соработници, не соработувале со Русија.

– Срамота е што нашата земја мораше да помине низ ова. Искрено, срамота е што вашиот претседател мораше да поминува низ ова. Да се надеваме дека некој ќе ја провери и другата страна – рече Трамп пред да замине од Флорида во Вашингтон.

Трамп од почетокот на истрагата отфрлуваше секаква поврзаност на луѓето од неговата претседателска кампања со Русија, оценувајќи дека таа претставува „лов на вештерки“.

За време на двегодишната истрага на Малер за можна руска вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година беа издадени повеќе од 2.800 судски налози за сведочење и беа спроведени речиси 500 претреси.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...